Банките вчера инвестираа рекордни 178 милиони евра во благајничките записи на Народната банка на Македонија. Со ова банките ги натфрлија рекордните 134 милиони евра што ги вложија пред околу еден месец во овие хартии од вредност. Откако централната банка ги воведе благајничките записи како инструмент за регулирање на инфлацијата и на денарот, банките не инвестирале толку многу пари колку последниве месеци. Вишокот пари што им останува бидејќи помалку одобруваат кредити, банките мора да го вложуваат во благајнички записи. Банкарските прописи не дозволуваат парите да стојат неискористени во трезорите. Вчера инвестираната сума докажува дека банките сега имаат рекордна ликвидност во последните десетина години. Во истиот ден банките и' вратија на НБМ 116 милиони евра, кои пред еден месец ги имаа вложено во записите на централната банка.
Банките вчера инвестираа рекордни 178 милиони евра во благајничките записи на Народната банка на Македонија.
Со ова банките ги натфрлија рекордните 134 милиони евра што ги вложија пред околу еден месец во овие хартии од вредност. Откако централната банка ги воведе благајничките записи како инструмент за регулирање на инфлацијата и на денарот, банките не инвестирале толку многу пари колку последниве месеци.
Вишокот пари што им останува бидејќи помалку одобруваат кредити, банките мора да го вложуваат во благајнички записи. Банкарските прописи не дозволуваат парите да стојат неискористени во трезорите. Вчера инвестираната сума докажува дека банките сега имаат рекордна ликвидност во последните десетина години.
Во истиот ден банките и' вратија на НБМ 116 милиони евра, кои пред еден месец ги имаа вложено во записите на централната банка.